Партнерство за подобра бизнис регулатива

0
1279

– Во рамките на проектот на УСАИД-Партнерство за подобра бизнис регулатива ќе бидат одржани серија информативни настани коишто ќе се однесуваат на законската регулатива и правната услогласеност која што ги засега малите и средни претпријатија. Циклусот на информативни настани е започнат од 22 -ри Март и ќе трае до 7 – ми јуни 2017 година.Настаните се организираат низ целата држава, во најголем дел во регионите надвор од Скопје, вели Билјана Прличкова од Стопанската комора МАСИТ

 

– Овие иницијативи го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните во РМ и го подржуваат патот кон стабилна и просперитетна демократија.Заинтересираноста на компаниите и присуството на компаниите е големо, ние досега имаме одржано 15 инфо сесии оваа инфо сесија во Битола е точно петнаесетта а следуваат уште три, бидејќи предвидени се 18 информативни сесии каде што се среќаваме со проблемите на компаниите нивни идеи, решенија околу подобрување и усогласеноста на регулативата, вели Димче Мицевски ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал