Пасат удри во дрво, сопатничката мртва возачот повреден

0
2251

Сопружници од Крани, Преспа, удриле во дрво со автомобил „фолксваген пасат“.

19-09-still003

Утринава во 9 часот и 40 минути во Битола се случи тешка сообраќајна несреќа, кога возило Фолксваген Пасат со охридски регистарски таблици удри во дрво. Од силината на ударот на лице место животот го загуби совозачот, лицето со иницијали Е.Л 44 годишна сопруга на возачот на автомобилот. Возачот со иницијали Г.Л 49 годишен жител на с.Крани, преспанско со тешки повреди е пренесен во клиничката болница во Битола за добивање на медицинска помош, соопшти портпаролот на СВР Битола Сања Стаматова

19-09-still004

Јавен обвинител заедно со екипи од МВР изврши увид на лице место и издаде наредби за земање на крв и урина од возачот, за сообраќајно техничко вештачење, како и за вршење на обдукција на телото на починатата.