Пат кој нервира

0
3726

Ако тргнете со автомобил од Битола до Охрид ќе патувате околу 2 до 3 часа. Се реконструира патот во должина од 60 километри. Сообраќајот се одвива по една коловозна лента кај делницата од Ресен до Буково, а се регулира со семафор. Некои од граѓаните нервозни бидејќи со часови чекале и велат дека на среде туристичка сезона градежните работи се извршувале предолго. На некои пак не им пречи долгото чекање, велат конечно патот ќе се реконструира.

pat1

-Многу голема гужва, долго чекаме, вели граѓанин

-Ова не би требало да се прави во туристичката сезона, треба некаде октомври ноември, вели возач

-Се патува неколку часа но се надеваме дека конечно овај пат ќе се реконструира по долги години, вели возач

pat 2

Работниците пак кои што ги изведуваат градежните активности велат дека некои од возачите не ја почитуваат светлосната сигнализација.

pat 4

-Некои возачи не ги почитуваат семафорите. Повеќе автомобиле ќе поминат на зелено, после нив што доаѓаат ќе поминат на црвено и во средината настанува гужва и заглавуваат автомобилите, изјави работник на патот

 

Деновиве пак пуштена е за сообраќај делницата на патот кон Ресен, односно од Битола до Ротино во должина од 7 километри која се реконструираше скоро една година.

ponedelnik.Still003

„Целосно е реконструирана делницата од Лукоил до сообраќајниот јазол кај Ротино, по која денес се движат возила кон Преспа и Охрид. Се преземаат подготвителни активности за почеток на градежно изведбените работи за реконструкција на друга делница од Германска чешма до Макази, во должина од шест-седум километри“, изјави д-р Ѓоко Стрезовски  (27.07.2016)

Според известувањето на веб страната на АМСМ реконструкцијата на делницата од Ресен до превојот Буково ќе трае до ноември годинава.