Pathetic – новиот видео запис на Виктор Апостоловски

0
494

Пејачот Виктор Апостоловски пред Нова година одлучи да ги израдува своите обожаватели со нова песна на англиски јазик. Станува збор за песната со наслов „Pathetic“, за која самиот е автор на музиката, текстот и на аранжманот. Виктор го реализираше и видеозаписот за оваа песна.
Иако машките потешко се одлучуваат отворено да ги искажат своите чувства, популарниот Битолчанец со темата насловена „Pathetic“ се охрабри да ја раскаже оваа приказна од машка перспектива.

– Мојата најнова музичка приказна е за една секојдневна случка, нешто што сите сме го доживеале и затоа и сметам дека многумина ќе се пронајдат во неа. И музиката и спотот се мое дело, поточно режијата и монтажата, а овој пат имав помош и од брат ми Валентино Апостоловски, кој се погрижи за камерата и за светлото. Тој всушност е кореограф и токму поради тоа има доста искуство со поставувањето сцени. Инаку, спотот е снимен во Театарот за деца и младинци во Скопје – вели Виктор Апостоловски.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY