Патот од Битола до Аликанте

0
2939

 

Цане Николовски е македонски пејач, музичар, флејтист, кој во својата долга кариера бил вокал на групите „Мадригали“, „Гром“ и „Бонтон“. Николовски, освен што е најмногу познат по песната „Жаклина“, испеан со „Елита“, тој мошне добро се снаоѓа и во други жанрови – рок, поп, народни изворни и новокомпонирани песни. Во неговата биографија стои запишано дека има издадено 37 албуми со народна, поп и музика изведена на флејта. Повеќе години Николовски живее во шпанскиот туристички град Аликанте. И понатаму музиката му е професионална определба и снима албуми од различни музички жанрови, како и албуми на кои тој изведува музика со флејта.

Ликот и делото на Николовски го инспирирале сценаристот Константин Петровски, да сними филм за Цане наречен- Патот за Аликанте, кој битолската публика го погледна во Интимниот театар.

Битолчани но и воопшто македонската пбулика го препознава Цане по хитот Жаклина, за која песна има една интересна легенда.

Во документарниот филм говорат повеќе луѓе што го познаваат Николовски. За ликот на Цане зборуваат членовите на „Мадригали“, Панде Димитовски, Валентин Соклевски, кој го напиша текстот за „Жаклина“ и уште неколку луѓе.

Додека разговарал и интервјуирал луѓе за документарниот филм, Петровски слушнал многу интересни и неверојатни приказни за Николовски, како и интересни анегдоти.

Филмот е планирано да се прикаже и во повеќе градови, но и фестивали.

Документарниот филм за Николовски трае дваесеттина минути.

Во екипата покрај Петровски се и Весна Ристовска, Симон Секуловски, Гоце Глигоровски.