Патриотскиот акт не е на сила, Американците потешко ќе се шпионираат

0
236

Од полноќ, недела кон понеделник, сојузните власти во САД имаат помали надлежности над своите граѓани кога се работи за борба против тероризмот.

Американскиот Сенат не го продолжи ткн. Патриотски акт, кој на сила стапи еден месец по терористичките напади на САД на 11 септември 2001 година. Овој контроверзен вонреден закон им допушташе на сојузните власти, пред сè на Националната безбедносна агенција (NSA), буквално да ги шпиониа своите граѓани без посебно одобрение од судот.

Иако Сенатот уште кон средината на оваа недела ќе се обиде да врати дел од надлежностите во рамки на NSA, CNN јавува дека забележителни се намалувањата на овластувањата врз граѓаните.

Имено, шпионирањето на граѓаните без налог и тоа по пат на нивните телефони за сега е првпат вон сила во последните 14 години.

Ова е заслуга на републиканецот Ренди Пол, кој својата позиција во сенатот ја искористи за блокирање на реновираниот Патриотски акт. Пол смета дека телефонското шпионирање под надлежност на NSA е илегално и неуставно/крај/м/бб

 

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax

Без коментари

LEAVE A REPLY