Пациент 17 пати не се појавил на закажан „Мој Термин“

0
239

Пациент закажал 17 пати на „Мој Термин” и не се појавил ниту еднаш . Ова го покажала анализата на податоците на системот „Мој Термин” направена за временски период од почетокот на годината до сега. Вкупно за овој период 125.614 пациенти не се појавиле на закажаните прегледи. Надлежните апелираат дека неоткажувањето на термините сериозно го оптоварува здравствениот систем и е еден од најголемите фактори за вештачки голема листа на чекање. Затоа се превземаат нови мерки, односно тимови од мој термин лично ќе ги посетуваат пациентите кои повеќе пати не се појавиле на закажаниот термин, а истиот не го откажале. До пациентите ќе се испраќаат и писма, а ќе се контактираат и нивните матични доктори.

-Ќе биде информиран неговиот матичен лекар и пациентот лично кој што не дошол на закажаниот преглед, а ќе биде посетен во неговиот дом од тимот на Министерството за здравство, и „Мој Термин”, со цел да видиме која е причината поради која за само 6 месеци, 17 пати закажува еден преглед и 17 пати не се појавува на тој преглед, има друг пациент 15 пати не се појавил, повеќе пациенти 14 пати, 10 пати…. вели Никола Тодоров-министер за здравство

Без коментари

LEAVE A REPLY