Пациент нападнал лекар во битолската болница

0
934

Лекар од одделението за неврохирургија во битолската Клиничка болница се здобил со потрес на мозокот откако физички бил нападнат од пациент кој на ова одделение бил упатен на преглед.

По нападот лекарот бил задржан на болничко лекување во текот на ноќта, а по извршените медицински испитувања е пуштен на домашно лекување.

Инцидентот се случил вчера околу 16 часот, кога лекарот дежурал во амбулантата, а пациентот стигнал со приоритетен упат за преглед.
И од битолската полиција го потврдија случајот. Портапролката на СВР, Сања Стаматова изјави дека вчера околу 16 часот обезбедувањето на болницата пријавило дека физички било нападнато едно лице во болницата. Од полиција работат на расветлување на случајот.