Патувај со велосипед за Скопје

0
1044

Вака треба да изгледа просторот за велосипеди во возовите.

mbta_bike_coach_train_8432.17xtfkqdw0000csccowkc8kw4.c4xtg9uu3r404wggo4ss0ss8s.th_

Барем така е во светот. А кај нас иако имаме нови возови сега за сега нема соодветен простор за велосипедистите. Но радува фактот тоа што од 1 ви август во воз со велосипед за цена од 177 денари ќе може да патуваат велосипедистите , но само со старите возови . По прифаќањето на предлогот од неформалната група „На точак“ за поставување држачи за велосипеди на задниот дел од автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, од 1 ви август „Македонски железници“ (МЖ) се приклучува кон идејата да се спојат неколку вида транспорт во еден и на тој начин да се олесни патувањето на корисниците, а и да им се приближат уште повеќе автобускиот и железничкиот превоз.Во изминатиот период, претставници од неформалната група „На точак“ одржале средба со комерцијалниот директор на „МЖ-Транспорт“, Kире Диманоски, на која разговарале за можностите за интеграција на велосипедскиот и железничкиот сообраќај, по што наведената одлука е донесена, во духот на развиените земји, каде што одамна се применува.

voz 2

Цената на превоз на велосипед ќе биде 177 денари, а наплатата ќе ја извршува кондуктерот. Исто така, велосипеди ќе може да се внесуваат само каде што има ознака за такво нешто.

– Дирекцијата на патничкиот сообраќај одлучи од 1 август годинава, велосипедите повторно да се примат за превоз. Бидејќи техничките можности и услови во возовите на „МЖ-Транспорт“ не соодветствуваат со посебен простор за превоз на велосипеди, а со цел да се задоволат потребите на патниците, превозот на велосипеди ќе се ограничи по вид на возови -информираат од акционерското друштво.

Односно, превозот на велосипеди ќе се одвива во возот со ознака ЕМВ 412, каде што ќе има осум места за транспорт на овој тип превозно средство, и во ДМВ 712, каде што ќе има пет места. Овие гарнитури поаѓаат од Битола во 5.25 наутро, во 12.50 на пладне, 18.25 во доцните попладневни часови и вечерта во 21.04.

voz 3

– За возовите во кои се дозволува превоз на велосипед, патникот сопственик на велосипедот треба да биде во близина како би реагирал да го тргне во случај на влез на лица со посебни потреби и сместување инвалидска количка. За бројот на велосипеди што се внесуваат во воз одлучува на самот место кондуктерот, кој ќе им овозможи предност на лицата со посебни потреби што се превезуваат со инвалидски колички. Доколку овој простор не е искористен, во возот ќе се прими за превоз велосипед – појаснуваат од „МЖ-Транспорт“, дополнувајќи дека за возовите со серија ДМВ 711 и ЕМВ 411 ќе се разгледа можноста за дозвола на ограничен превоз на велосипеди и дополнително ќе се донесе одлука.