Патување низ историјата на Битола со Временска машина

0
374

По повод празникот на Битола, Дел арте ја изведоа својата најнова претстава со наслов Временска машина.

Се работи за авантуристичка бајка, по текст на Димитар Захариевски а во режија на Бојан Стојков а во која приказната ја раскажуваат интересни ликови.

Низ истата актерите патуваат низ времето, посебно низ историјата на Битола, а публиката истовремено се потсетува на најзначајните историски периоди на нашиот град.

Захариевски за текстот се инспирирал од својата внука.

Претставата е истовремено забавна и едукативна , нешто што е од особено значење според мислењето на актерите, за најмалите.

Дел арте изминатиот период, гостуваа на фестивал во Хрватска од каде се вратија со награда.

Децата ќе имаат можност да ја погледнат претставата и на 20-ти ноември.