Паушал по денови на паркингот во Реонскиот пазар

0
378

Советот на Општина Битола в понеделник на седница ќе Одлука за дополнување на Одлуката за цените во реонски пазар од 12.05.2014 година, донесена на седницата на Управниот одбор на ЈП Пазари на 16 септември оваа година.

Се дополнува Одлуката за утврдување на цените на услугите за наплата на надоместок за користење на услугите во Реонскиот Пазар за продажба на паркинг просторот и тоа:
Паушал за продажба од камион: 15 дена – 7000 денари, 10 дена – 5000 денари, 5 дена – 2700 денари, 1 ден – 1000 денари, сите цени со вклучен ДДВ.
Паушал за продажба на производи од трактор, приколка, комбе: за 15 дена – 4200 денари, 10 дена – 3000 денари, 5 дена – 1600 денари, 1 ден – 500 денари, сите цени со вклучен ДДВ.
Како што не информираше претседателката на Советот, измената на одлуката е по барање на луѓето кои продаваат таму, да плаќаат паушал по денови.
Одлуката стапува на сила со денот на донесувањето.