Пауза во преговорите за договорот од Пржино

0
355

Партиите сами ќе се консултираат без Ванхауте, по последниот предлог на СДСМ. Дел од аналитичарите сметаат дека преговорите ќе мрднат од мртва точка, други пак дека пак ќе има блокирања.

Работната група која разговара за спроведување на Договорот од Пржино неколку дена нема да се состанува со посредникот Питер Ванхауте туку партиите ќе се консултираат по последниот развој на настаните, брифираат извори од опозицијата. До ова дојде откако СДСМ соопшти дека е подготвен да ги повлече своите забелешки во однос на методологиите за прочистување на Избирачкиот список, доколку останатите партии се подготвени да ги прифатат предлозите на меѓународната заедница за реформа на медиумскиот сектор.

Ванхауте по состанокот рече дека ВМРО-ДПМНЕ прифатиле да ги започнат разговори врз основа на предлогот претставен во декември и ги употреби термините – интересен развој. Дел аналитичари, пак, во тоа гледаат можност преговорите на работната група кои со месеци се закочени особено околу медиумите да мрднат од мртва точка, но други сметаат дека повторно ќе следат одолговлекувања и блокирања.