Павле Трајанов ги поднесе предлог-измените за законите за СЈО

0
328

Павле Трајанов од Демократскиот сојуз ги поднесе до Собранието предлозите за измени на законите што ги бара Специјалното јавно обвинителство. Предлог-измените за Законот за СЈО и Законот за заштита на сведоци се пондесени по редовна постапка.

Што се однесува до рокот во кој Специјалното јавно обвинителство може да поднесеува обвиненија, Трајанов предлага:

„Јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство за незаконско следење на комуникациите ја завршува истражната постапка кога ќе оцени дека состојбата на работите е доволно разјаснета за да може да подигне обвинение или да се запре истражната постапка, односно во рок од 12 месеци од денот на донесување на наредбата за спроведување  на истрага.

Ако истражната постапка не заврши во рок од 12 месеци од денот на донесување на наредбата за спроведување на истрага, Јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство за незаконско следење на комуникациите е должен за тоа да го извести Јавниот обвинител на Република Македонија, кој може тој рок да го продолжи за уште шест месеци.“

Предлог-измените уште не се ставени на дневен ред. Минатата недела Собранието не ги изгласа измените на овие закони што ги бараше СЈО, а ги предложи СДСМ.