Павле Трајанов преживеа сообраќајна несреќа

0
1053

Претседателот на Демократскиот сојуз на Македонија Павле Трајанов преживеа сообраќајна несреќа.

Во директен судир на возило Фијат Пунто со Шкода која  била управувана од  Трајанов, се повредени четворица кои се префрлени  на клиника, а по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.. Сообраќајката се случила во саботата во 16 часот и 15 минути на автопатот Скопје Гевгелија, а утрово партијата на својот Фејзбук профил ја објави информацијата и фотографија од несреќата.