Пченицата ќе се откупува по 11 денари килограм?

0
174

Мелничарите понудија по 11 денари за откуп на килограм пченица од прва класа,а цената на останатите класи да се определи според правилникот за квлаитет. Земјоделците пак со различно гледање на понудата.

Според претставникот на мелничарите Николчо Георгиев, понудената цена е слична со онаа во регионот.
Цената на пченицата во Србија е 11 денари за килограм прва класа пченица, па е нелогично во земјава таа цена да биде повисока, велат мелничарите.
Од Асоцијацијата на земјоделци сметаат дека понудата е добра, но очекуваат владата да субвенционира дел од цената.