Пчиња и Крива Река поплавија ниви и викендици

0
524

Алармантниот водостој на Пчиња и Крива Река доведе до излевање на повеќе места во кумановско.

Во општина Старо Нагоричане има излевање на реката Пчиња близу бањата Стрновац кај селото Драгоманце. Од оваа општина информираат дека патот кон село Добарача е поплавен и засега непрооден.

Крива Река поплави ниви и шест викендици во атарот на селата Јачинце  и Клечовце.  Критична точка на реката Пчиња има кај Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, каде што превентивно ќе делува општината Старо Нагоричане.

На терен се екипи на  Водостопанство „Кумановско-Липковско Поле“,  СВР Куманово и  Дирекција за заштита и спасување.

Во кумановско ноќеска наврнаа 19 литри дожд на метар квадратен.