Печалев демантира

0
895

Директорот на гимназијата Јосип Броз Тито, Кирил Печалев демантира дека тој им ги затворал вратите на учениците за да ги спречи да одат на протест. Вели дека пракса во нивното училиште е на одморите вратите да се отвараат, а штом започнува часот да се затворат од безбедносни причини. На тој начин вели тој, сигурни сме дека нема надворешни лица да влегуваат во објектот, а со тоа се осигурува безбедноста и на учениците и наставниците, односно вработените.