Пехари и признанија за најдобрите во училишните спортови

0
862

Гимназијата Јосип Броз Тито и ОУ Св.Климент Охридски ги понесоа титулите за најдобри екипни училишта во спортот. Сојузот на училишни спортски екипи од општина Битола на годишната манифестација на најдобрите учесници на одржаните првенства во повеќе спортови им доделува признанија и пехари. Оваа манифестација е завршница на се она што се работи во текот на учебната 2015 2016 година

Годинава проектот беше наменет за помалите генерации каде право на настап имаа само учениците до 8 одделение како и учениците до трета година во средните училишта .Беа вклучени 300 до 400 ученици на кои им се укажа шанса да ги покажаат своите способности собирајќи искуства за наредната година.

Спортот и спортските игри кај младите даваат значаен придонес кон подобрување на квалитетот на живеење и нивно насочување кон спортот и здравиот начин на живот

Домаќин на годинешното доделување на пехари и признанија на најдобрите во училишните спортови беше ОУ Св.Климент Охридски