Пехарот рано утрово стигна во Битола

0
5211

По пауза од 16 години, пехарот повторно заврши во Битола, во рацете на Пелистер. Пелистер ја совлада Шкендија вчера на стадионот во Струмица. Од синоќа битолчани го слават освојвањето на Куп-титулата на Македонија. Последен пат Пелистeр го освои Купот во 2001 година.

Првично беше најавен пречек околу 2 часот на плоштадот Магнолија, но заради времето и пристигнувањето на фудбалерите во раните утрински часови, истиот беше одложен, со најава дека прославата дополнително ќе се организира.