Пелагониска авантура во Преспа

0
286

Со возење на  велосипед , болдеринг, мото крос, трчање, парагладеринг,  и други видови на спорт започна месецот на авантура во Пелагонија. Денеска на брегот на Преспанското езеро на плажата Стење љубителите на авантурата имаа можност да уживаат во овие спортски активности. Проектот е на ЦРППР и во рамките на истиот љубителите на авантурата ќе можат да уживаат во  настаните  кои ќе се случуваат на различни места во сите пелагониски општини.