Пелагонискиот регион со највисока стапка на вработување

0
428

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2015 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.49% а во второто тримесечје 1.47%, додека во третото тримесечје изнесува 1.55% и во четвртото тромесечје 1.50%.

Највисока стапка на слободни работни места во првото тромесечје има секторот Ж – Транспорт и складирање и изнесува 2.05%.
Во второто тримесечје највисока стапка на слободни работни места има во секторот З- Објекти за сместување и сервисни дејности со храна и изнесува 3.36%,

Додека во третото тримесечје највисока стапка на слободни работни места има секторот Ѓ – Градежништво и изнесува 2.69%, додека најмала е стапката во секторите Д – Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината и секторот Љ – Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување, каде што изнесува 0.19%.
И во четвртото тримесечје највисока стапка на слободни работни места има секторот Б – Рударство и вадење на камен и изнесува 2.50%.
Во сите четири квартали најмала стапка има во секторот Г- Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација каде што најголема била во првото тримесечје со 0.28%
Од првиот до четвртиот квартал во 2015 год. деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места која во второто тримесечје е најголема и изнесува 2.19%

Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 1.88%. во pорвото тримесечје додека во второто 2.50% во третото 2.53% додека пак во четвртото 2.46%.
И во четирите квартали во 2015 год. иммат најголем број слободни рабтни места и се бараат работници во услужни дејности и продажба.