Пелагониските ривали поразени на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски„

0
190

Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски„ го отворија Пелистер и Охрид, а славеа „гладијаторите“ од Охрид на тренерот Андоновски со 22:20, во неизвесен меч. Првиот дел заврши 13:13, во и тврд меч. Најдобар поединец на теренот бил младинскиот репрезентативец Стефан Дрогришки кој постигна  дури 12 гола, додека за Охрид се истакнаа Павловиќ и Холгас погодиле по осум пати. Вториот пелагониски ривал Прилеп загуби од Радовиш со 26:29 (13:13). Турнирот продолжува утре со мечевите од второто коло. Пелистер се соочува со Радовиш, а Прилеп против Охрид.