Пелагониско дерби на стартот во Суперлигата, пелистерки почнуваат исто како лани

0
277

Денес во Скопје утврден е календарот за новата ракометна сезона која и во машка и во женска конкуренција ќе почне 19 септември. Новина е што женските суперлигаши нема да плаќаат котизација, што значително им ја олеснува работата и не го оптоварува нивниот буџет. Ракометарите на Пелистер ќе дебитираат во Прилеп против пелагонискиот сосед, а ЖРК Пелистер првиот меч во играат на домашен терен против Ѓорче Петров од Скопје. Специфично е што и минатата година девојките на Борче Марковски во првото коло играа со истиот ривал.

ВИП Супер лига
Борец – Металург 2
Прилеп – Пелистер
Пролет – Радовиш
Вардар јуниор – Металург
Работнички – Охрид

Женска Супер лига
Металург – Овче Поле
Пелистер – Ѓорче Петров
Кичево – Вардар јуниор
Жито Прилеп – Куманово