Пелагониското дерби за битолчани

0
3364

Во прекрасен амбиент како од најдобрите денови, преку 4000 гледачи под „Тумбе кафе“ се собраа за пелагониското дерби во кое Пелистер беше на хартија гостин, а Победа меѓу побројните битолски навивачи имаше поддршка од „Мајмуните“.

Во 76 минута Тошевски мина по десната страна и центрираше, Лукас му побегна на Здравески и ја пласираше топката во небранетата мрежа. Победа се отвори, Дарко Крстески го внесе Ристе Илиоски кој веднаш имаше голема шанса, но по центршутот на Мегленски ја погоди стативата на Пашовски.

Кога уморните домаќини целосно се отворија, следеше контранапад на Фернандо кој ја заврши скоро цела работа со двојно проигрување со Трифуновски, а на крајот Бујчевски со пласирана топка ги постави финалните 0:2. Голема победа за Пелистер кој го слави враќањето во елитата и битолчани им се реваншираа на фудбалерите на Победа за поразот од 1:4 во Новаци минатата сезона во Втората лига.