Пелети за битолчани уште од месец мај

0
768

Грејната сезона ќе почне на 15 октомври. Овој период сите со истата главоболка, на кој начин ќе се греат за време на студентите денови. Сведоци сме дека изборот на граѓаните, заради домашниот буџет, е ограничен, па кој колку можи.
На пазарот веќе 6-7 години има новиот начин на греење, односно греење на пелети, стана актуелен, за што, оние кои се занимааваат со оваа дејност, велат дека од година во година се зголемува бројот на корисници на пелети, што значи дека има откажување од традиционалното греење со огревно дрво.
Како што порано се купувале дрва во летото, сега купуваат пелети во текот на летото, а најголем интерс имало во последниот месец.

– Битолчани за наше изненадување заинтересираноста ја пројавија уште во мај месец кога заврши претходната грејна сезона. Подготовките ги започнавме уште од крајот на претходната сезона во март месец а првите количини почнавме да ги носиме уште во април оваа година.За разлика од минатата година оваа година 50% го зголемивме бројот на пелети во тони кои што треба да ги увезиме, така оваа година на пазарот во Македонија и во Битола дистрибуираме повеќе од 6.000 тони. Ново е што оваа година пелетите ги носиме од Грција, од голема фабрика која произведува два типа на пелети со различни квалитети тоа со квалитет А2 и квалитет А1 кои што за прв пат го пласираме на пазарот во Македонија, изјави Јован Дојчиновски сопственик на компанијата АБЦ Дојчиновски.

Во време кога и загадувањето на воздухот ни виси над глава како голем проблем кој е најизразит за време на грејната сезона, од АБЦ Дојчиновски велат дека поеколошки е греењето на пелети бидејќи има чад само неколку секунди при палењето.

Цената на греење со пелети е речиси иста како да се греете со огревно дрво. Разликата е во тоа што нема да сечење и цепење дрва, нема да дежурање врз огнот дали згаснал или не, многу помалку пепел, се регулираа се на едно копче и што е најбитно не се загадува.

Без коментари