Пелистер договори пријателски меч со ЦСКА Софија

0
380

Битолскиот прволигаш Пелистер ќе ја искористи паузата во шампионатот на Првата лига за одигрување на нов престижен пријателски натпревар надвор од нашите граници.

По мечот во Корча со првакот на Албанија, Скендербег минатиот месец и финалните 0-0, екипата на Наум Љамчевски на 8 октомври ќе му гостува на една од најславните бугарски екипи ЦСКА Софија.

Мечот ќе се игра во главниот град Софија на 8 октомври во 17.00 часот и е убава можност за силен меѓународен тест и промоција на клубот.

Без коментари

LEAVE A REPLY