Пелистер – Еуромилк 0:0

0
2172

Во третиот контролен натпревар во подготвителниот период, фудбалерите на Пелистер одиграа 0:0 на стадионот на Караорман во Струга, против второлигашот Еуромилк од Горно Лисиче. Пелистер настапи со комбиниран тим, а за прв пат во подготовките настапија Лампевски и Јоциќ. Младите сили на Штерјовски создадоа неколку шанси за гол, главно во второто полувреме, но резултатот не се менуваше. Лоша вест е повредата на Иве Трифуновски кој незгодно го свитка скочниот зглоб и само што влезе во вториот дел, веднаш беше заменет. Во последните 10 минути, на два пати Денис Димитроски со глава по прекини и еднаш Лампевски по центаршутот на Јоциќ имаа големи шанси за гол, но не ги искористија. Пелистер мечот го почна во следниот тим: Атанасовски, Лампевски, Димитроски, Степановски, Миленковски, Љамчевски, Мустафов, Мирчевски, Стојковски, Недановски, Главевски. Во вториот дел шанса добија Додевски, Трифуновски, Трпевски, Јоциќ, Ацески. Следниот контролен меч, момците на Штерјовски и Капинковски ќе го имаат в петок против Младост Царев двор.