Пелистер ги официјализира трите засилувања од Металург

0
477

Од канцеларијата на РК Пелистер стигна потврда дека тројцата млади ракометари кои до минатата сезона настапуваа за Металург, Маџовски, Маркудов и Даниловски од денес се нови членови на Пелистер. Тројцата ракометари добија двегодишни договори, што е практика на новото раководство на клубот. Во спротивен правец, Пелистер го напушти и се пресели во Металург, младинскиот репрезентативец Филип Кузмановски. Претходно зелениот дрес го облекоа Топиќ, Арсиќ и Митревски, а Богдан Николиќ го продолжи договорот. Утре од 12 часот во клубските простории ќе бидат официнално претставени Борјан Маџовски, Андреј Маркудов и Никола Даниловски.