Пелистер ги започна подготовките, Филип Лазаров најзвучно име

0
1772

Вчера започнаа подготовките на ракометарите на битолски Пелистер. Новиот тренер Стевче Алушовски ќе го води битолскиот гигант има изменет лик. Репрезентативецот Филип Лазаров беше најочекуваното име во тимот и неговото враќање буди оптимизам и кај навивачите.

Покрај, Филип Лазаров кој се враќа од Темишвар, дресот на Пелистер во новата сезона ќе го носат и Хрватот Жарко Чуриќ, Михајло Митиќ, кој доаѓа од чешкиот Плзен, Милош Ивиќ од Црвенка, Вељко Давидовиќ од Бидасоа Ирун, младиот голман Горан Раковиќ, двата ракометари на Прилеп, голманот Милош Рајчиќ и десниот бек од Грузија, Теимуруз Орјоникидзе, повратникот од Охрид, Александар Босеовски и Томи Јагуриновски.

Од тимот од минатата сезона замина Даниловски (Металург), ветеранот Колев (пред потпис со Борец), Борјан Маџовски, Тасевски, Србинот Павловиќ.

Без коментари