Пелистер го доби Борец во осминафинелето на Купот

0
441

Дуелот меѓу Работнички и Шкендија ќе ја одбележи осмина-финалната рунда во фудбалскиот Куп на Македонија.

Ждрепката во просториите на ФФМ, сакаше „романтичарите“ да бидат домаќини на првиот меч а реваншот да се одигра во Тетово. Во другите средби силите ќе ги одмерат: Брегалница Штип-Победа, Кожув –Тетекс, Скопје-Еуромилк, Пелистер-Борец, Силекс-Академија Пандев, Вардар-Шкупи и Ренoва- Струга.

Првите натпревари за закажани за 13 септември од 15.30 часот додека реваншите ќе бидат на програмата на 18 октомври од 14.30 часот.