Пелистер го остави најголемото засилување за крај

0
248

Според пишувањата на српските и црногорските медиуми, битолски Пелистер се наоѓа блиску до доведување на уште едно големо засилување. Бившиот српски репрезентативец, Александар Станојевиќ е пред потпис со битолскиот суперлигаш. 30 годишниот Станоевиќ има одлична кариера зад себе, се афримира во Партизан, а играше и за Вецлар, Гумерсбај и катарската лахвија, за која настапуваа и Вугринец и Наумче Мојсоски. Пелистер претходни ги доведе Арсиќ, Топиќ, Митревски, Маркудов, Даниловски и Борјан Маџовски.