Пелистер гостин на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски„

0
272

Од 28 до 30 овој месец ќе се одигра ракометен турнир во чест на легендата на прилепскиот ракомет Миле Нешкоски. На турнирот учество ќе земат екипите на Прилеп и Пелистер, екипата од соседна Грција Диомидис Аргус како и РК Беса од Косово. Нешкоски беше еден од најпопуларните, омилени спортисти. На бековската линија играше во Тутунски комбинат, а беше и во Саудиска Арабија. Се најде и во составот на македонската репрезентација во сезоната 1992/1993 година.