Пелистер инспирација за уметниците на колонијата Ниже поле

0
317

Ликовни уметници од Македонија, Бугарија, Србија и Полска неколку дена се на Пелистер, како дел од ликовната колонија Нижеполе која годинава се одржува по 17-ти пат.

Природата, убавините на Пелистер се инспирација за нивните дела. Колонијата се одржува традиционално како дел од културните случувања на Битола.
На Пелистер, сликаа ликовни уметници од повеќе земји од светот но и реномирани македонски уметници.
Тие сликаа мотиви од Пелистер, пејзажи и други природни имепресии на слободна тема. За сликање се користеше различна техника.
Полскиот уметник својата инспирација ја пронајде на Големо езеро.
Оваа колонија има значајна улога како за битолската културна средина така и за македонската, а изработените дела ќе бидат изложени на посебна меѓународна сликарска изложба, што ќе се одржи на 15-ти септември во изложбениот салон Магаза во Битола.