Пелистер испадна, но Анастасов направи трансфер во Босна

0
166

И покрај негативната сезона на клубот и деветтото место во Првата лига во сезоната 2014/15, што значеше преселба во понизок ранг, некои од битолските фудбалери се на цена. Фудбалерот на врска Александар Анастасов како слободен фудбалер се пресели во босанскиот прволигаш Витез и потпиша едногодишен договор со оваа екипа. Минатата сезона во босанската Премиер лига, Витез воден од бившиот хрватски репрезентативец, Анте Мише заврши на деветтото место. Анастасов веднаш ќе се приклучи на подготовките на својот нов клуб. Тој е изданок на школата на Пелистер, а настапуваше и за младата репрезентација на Македонија.