Пелистер ја чека пречистителната станица

0
626

На Пелистер често може да се видат табли со предупредување од Националниот парк дека водата не е за пиење, а анализите од Центарот за јавно здравје често покажуваат бактериолошка неисправност на неколку чешми на Пелистер. На Пелистер нема канализација, а септичките јами се стари повеќе децении и ја губат својата функционалност, а отпадните води ги загадуваат бистрите планински водотеци и извори.voda

-Чешмите никогаш не биле загадени, сега се чудиме, врвиме натаму и водата не се пие. Многу загадено, златно место, апсолутно неодржувано.

-Изненадени сме, ова е туристичко место и треба нешто да се преземи. Ние очекуваме чист воздух, не е убаво, непријатен мирис има, велат посетителите.begova cesma

Речиси една деценија се чека на изградба на колекторски систем и пречистителна станица на Пелистер. Проектот започна да се реализира пред повеќе години, но прекина заради недостиг на финансии. Од Министерсвотоза животна средина велат дека за доизградба на колекторскиот систем на Пелистер веќе се обезбедени средства, а во фаза е изработката на техничката документација.


– Факт е дека проектот ќе го продолжиме и ќе го финансираме заедно во соработка со општина Битола. Има рокови, за година дена треба да се заврши проектната документација, а понатаму ќе следат другите активности. Тоа не е некој голем проект со големи градежни активности, така да се надеваме дека во тој период ќе биде завршен и во целост исплатен од страна на Министерсвото, изјави Соња Лепиткова, државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање. sonja

Во мај годинава градоначалникот на Битола потпиша договор со министерот за животна средина за „Изработка на техничка документација и доизградба на колекторски систем за локацијата Бегова Чешма во НП Пелистер“.

Без коментари

LEAVE A REPLY