Пелистер ја доби Ренова, Новаци против Победа во Купот

0
399

Работнички-Шкендија е најпривлечната двојка во осминафиналето на фудбалскиот Куп на Македонија. Овие два тима минатата сезона играа во финалето, кое заврши со триумф на Шкендија.

Двојките за осминафиналето беа извлечени во петокот, во просториите на ФФМ, а покрај Работнички и Шкендија за пласман во четвртфиналето ќе се борат Влазерими и Вардар, Академија Пандев и Шкупи, Пелистер и Ренова, Силекс и Хоризонт Турново, Брегалница и Тетекс односно Новаци и Победа.

Првите осминафинални натпревари ќе се одиграат на 21.септември, а возвратните дуели на 12.октомври.