Пелистер ја победи и Брегалница и е лидер во Првата лига

0
3014

Во Битола се враќа фудбалската еуфорија, а Пелистер делува повторно моќно и организирано. Победена е екипата на Брегалница со 3-0 (1-0) во меч кој наликуваше на првиот со Победа и во кој битолчани во второто полувреме го надтрчаа и совладаа противникот. Љамчевски го потврди тимот кој ја доби првата средба и од почетокот домаќините беа поактивни.

По центаршутот на Фернандо, Кобетиќ ги спаси штипјани со избоксувана топка од петерецот во 17. минута . Во 21 минута Ковачев шутирапе со глава по корнерот на Бразилецот, но штипската одбрана успеа да изблокира. Во 42 минута Демир и Бујчевски излегоа сами пред Кобетиќ, но напаѓачот си даде предолг фор и пропадна идеална можност. Двете екипи играа активно, но не беа конкретни во завршната фаза и затоа не создаваа шанси за гол.

Второто полувреме започна со порешителен Пелистер и веќе во 47 минута по ударот на Филип Петров, во мешаницата пред голманот Кобетиќ, Петар Љамчевски постави нога и ја втурна топката во мрежата на гостите.

Во 83 минута Сашо Ѓорески беше исклучен и шансите на штипјани беа минимални. Веднаш Пелистер ја искористи бројчената предност и по центаршутот на Тодоровски, Марковски со глава зголеми на 2-0. Само две минути подоцна Благојче Марковски беше во улога на додавач за Филип Петров кој со нога ги постави финалните 3-0.

Рутинска победа на битолчани кои имаат многу голем ентузијазам и по првите две кола се гледа нивната решеност за да остават трага во овој шампионат на Македонија.