Пелистер ја прекина црната серија и ја порази Ренова

0
322

Лидерот на табелата Шкендија со пресврт го победи Работнички со 2-1, додека Вардар беше убедлив против последно пласираниот Скопје. Предноста на домашниот терен ја искористи и Пелистер кој со 2-1 славеше против Ренова, додека преостанатите две средби завршија со минимални победи на гостите.

Силекс до победата од 1-0 против Шкупи стигна благодарение на автоголот на Бесарт Кривањева во 15.минута, додека Мирослав Станиќ стрелец на единствениот гол на мечот Академија Пандев – Победа во кој триумф славеа гостите со 0-1.

Шампионот Вардар долго се мачеше да го скрши отпорот на Скопје. Тоа конечно им успеа на вардаци во 40.минута кога Фелипе со прекрасен гол од 25 метри им донесе предност на црвено-црните. Во вториот во листата на стрелци се запишаа Максимов и Џигаури за конечни Вардар – Скопје 3-0.