Пелистер ќе игра против Лех Познањ во Лига Европа

0
906

Победникот во Купот на Македонија, Пелистер, го доби најтешкиот противник, полскиот гигант Лех Познањ. Битолскиот тим, првиот меч ќе го игра на гостински терен, а на реваншот ќе бидат домаќини.

Тетовска Шкендија го доби противникот од првото квалификациско коло во Лигата на Европа. Станува збор за Дачија од Молдавија, а и ова лето тетовци ќе се обидат да стигнат далеку, откако минатата година стигнаа до плејоф колото за пласман во групната фаза од Лигата на Европа.

Тимот на Виктор Треневски, Работнички, го доби најлесниот противник од ова натпреварување и ќе се сретнат со Тре Пене, од Сан Марино.

Работнички ќе биде домаќин на првиот меч на 29 јуни, а потоа ќе гостува во Сан Марино.

Без коментари