Пелистер ќе игра во финалето на Купот по четвр тпат во историјата

0
518

Пелистер и Шкендија изборија пласман во финалето на Купот на Македонија во сезоната 2016/2017. Пелистер ја елиминира Брегалница, додека Шкендија го загуби реваншот против Вардар со 0:1, но ќе игра во финалето поради победата во првиот меч 3:1. Пелистер и Шкендија четврти пат ќе играат во завршниот меч во Купот на Македонија, а двата тима имаат освоено по еден трофеј.

Шкендија и покрај поразот од Вардар 0:1 ќе го брани трофејот во Купот на Македонија, благодарение на победата во првиот натпревар, во Скопје, од 3:1.

Тензично беше попладнево во Тетово на дуелот помеѓу двата најквалитетни македонски тима Шкендија и Вардар. Двата тима од 32.минута играа без капитените Хасани, односно Грнчаров кои добија црвени картони. Вардар победи со голот на Велковски постигнат во 58.минута.

Пелистер во реваншот минимално славеше над Брегалница 1:0 со голот на Бразилецот Лукас во 80.минута. Првиот меч заврши без победник 2:2.

Битолскиот тим четврти пат во клупската историја ќе игра во финалето, каде ќе атакува на вториот трофеј во ова натпреварување. Единствената титула во Купот Пелистер ја има освоено во 2001 година.

ФОТО: www.gol.mk