Пелистер подобар од Академија Пандев во пријателски натпревар

0
1666

Во последниот тест пред стартот на првенството, Пелистер под „Тумбе кафе“ го совлада новиот второлигаш Академија Пандев со 2-0 (0-0) во допадлив меч со многу шанси за гол. Двете екипи играа допадливо по топлото време, а во првиот дел најзрелите шанси ги имаа Деспотовски за гостите и Љамчевски за домаќините, но двата голмани беа одлично поставени и интервенираа.

На 15 минути до крајот на мечот по најубавата акција по мечот резервистите на Пелистер комбинираа за водечки гол. Благојче Марковски центрираше од десната страна, а Бујчевски со глава ја „закова“ топката во гостинската мрежа (1-0).

Пет минути подоцна Марковски прекрасно ја мина гостинската одбрана и биеше со надворешниот дел од копачката, но топката заврши над пречката. Бразилците Фернандо и Лукас комбинираа инспирирани од Бујчевски креираа голема шанса во 83. минута, но ударот на Лукас Гојано заврши крај стативата. Во 88. минута од мечот по корнерот на Бурхан Мустафов, во мешаницата постави глава Иве Трифуновски и реализираше за 2-0