Пелистер поразен од Работнички, победи за Шкендија и Вардар

0
504

Вардар тешко стигна до бодовите против „фенерџијата“ Брегалница, Шкендија убедливо славеше над Победа, Работнички во дербито го победи Пелистер, Силекс очекувано славеше над Македонија ЃП, а Шкупи победи против Ренова, во натпреварите од 22.коло во ПМФЛ.

Вардар во самиот финиш спречи сензација против последнопласираната Брегалница. Актуелниот шампион победи со 2:0 со головите на Блажевски и Петковски постигнати во 88. и 90.минута.

Шкендија со рутинска игра ја совлада Победа. Триумфот го најави Меѓедовиќ по 120 секунди игра, а во второто полувреме голови постигнаа Вујчиќ, Ибраими и Жуниор.

Пелистер во дербито, кое се одигра во Охрид, го пречека Работнички и загуби 0:1. Единствениот гол го постигна Елмас во 61.минута.