Пелистер потопен на домашен терен од Академија Пандев

0
380

Фудбалерите на Академија Пандев победија против Пелистер во Битола со 3-4. Иве Трифуновски во шестата минута го отвори резултатот за битолскиот прволигаш, но потоа „пандевци“ возвратија со погодоците на Вареловски и на Балдовалиев. Искусниот Балдовалиев во 47.минута постигна гол од 40 метри, лобувајќи го Илче Петровски. Пет минути подоцна Ѓорѓи Стоилов зголеми на 1-4. Јован Попзлатанов и Мартин Ковачев од пенал намалија на 3-4 до крајот, за 7+ и во Битола.

Вардар ја продолжи „рехабилитацијата“ по слабите резултати во октомври со импресивна 5-2 победа на гости кај Ренова, Пелистер и Академија Пандев одиграа неверојатен меч со седум гола, во кој гостите од Струмица на крајот си заминаа со три бода по 3-4 победата, Работнички го „торпедираше“ тимот на Победа со 4-0, додека Шкендија од гостувањето во Кратово кај Силекс стигна до 0-2 победа.

Благодарение на рутинската победа во Кратово, Шкендија останува убедливо на првото место со 37 поени, дури 11 повеќе од Вардар, иако „црвено-црните“ имаат два меча помалку поради обврските во Лигата на Европа.