Пелистер пресилен за Охрид се зацврсти на врвот во Суперлигата

0
633

Екипата на Пелистер остана цврсто на врвот во Супер машката лига после девет кола со што на средина од шампионатот го има највисокот место на табелата. После денешната победа над Охрид, Пелистер има вкупно 24 бода, а со тоа има шест повеќе од Работник, Охрид и Пролет така што влегува со голема предност во вториот дел. Пелистер го совлада Охрид со 23-20 (14-10) и се зацврстија на лдиерската позиција. Второ дерби по ред битолчани извојуваа важна победа и ја наметнаа кандидатурата за првоо место пред плеј-офот.

Битолчани влегоа сигурно во натпреварот, а почетното водство од 3-0 беше само најава за конечниот исход од овој дуел. По првата четвртина од натпреварот, Пелистер имаше постигнато двојно повеќе голови и водство од 8-4. Охриѓани се обидоа да фатат чекор и да влезат во ритам, но максимум што успаја да направат беше да намалат на два гола негатива. Домаќите сепак на одмор заминаа со предност од 14-10.

Охриѓани подобро го почнаа вториот дел, гостинските бекови се разиграа и предноста на екипата на Алушовски беше преполовена. Благојче Трајковски се разбрани, одбрани и седмерец и на средина од вториот дел, предноста на Пелистер изнесуваше само два гола. Пелистерци погодија во последните пет минути, а охриѓани цели шест минути не постигнаа гол за финални 23-20 за Пелистер.

Најефикасни во победата на Пелистер беа Орјокамидзе со шест и Димитровски со пет гола. Во составот на Охрид нападот го предводеше Димитријески со осум погодоци.

Без коментари