Пелистер прими гол во последната секунда и загуби од Шкупи

0
622

 

Фудбалерите на Пелистер го претрпеа и вториот пораз во шампионатот на Македонија, откако само секунди ги делеа од реми на „Чаир“ против Шкупи, но неа успеаа да издржат. Со голот Димитрија Лазаревски во првото минута од судиското продолжение, Шкупи успеа да го совлада Пелистер со 2:1 и да освои три значајни бодови.

Во интересен натпревар двете екипи се чини заслужија бод, но Шкупи сепак на крајот се радуваше. „Гулабите“ поведоа со голот на Бесар Исени во 27. минута, Пелистер израмни на 1:1 во 50. минута преку Лукас Гереира Кордосо.

Кога се чинеше дека Пелистер ќе тргне на другите два бода, тоа не го стори и гостинскиот тим настојуваше на остане тој резултат. Сепак Шкупи со голот на Лазаревски дојде до првата победа на домашен терен.

ФОТО: www.gol.mk