Пелистер се одби од дефанзивниот блок на Работнички

0
265

Пелистер – Работнички 16:20 (10:10)

Спортска сала „Младост“ – Битола. Гледачи: 1500

Судии: Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски (Скопје)

Пелистер:

Арсиќ, Даниловски, Стојановски, Дрогришки 7, Тодоровски, Гинов, Илиевски, Макрудов, Топиќ 3, Крстевски, Митревски, Христов, Чачиќ 3, Ивановски, Вељановски, Николиќ 3

Седмерци: 1/1

Исклучувања: 8 минути

Работнички:

Ѓорѓевски, Левов 2, Илиќ 4, Н. Марковски 4, Димовски, Ф. Василевски, Стоилов 1, Марсениќ 1, Алушовски, В. Марковски 1, Мојсоски 6, Ѓуроски, Јовчевски, А. Василевски 1, Мирчев

Седмерци: 8/5

Исклучувања: 8 минути

Во тврд и натпревар со многу малку голови, Работнички издвојува значајна победа на теренот на подновениот Пелистер. Битолчани добро го отворија мечот и поведоа со 3:0, а гостите цели 10,11 минути беа без гол од игра. Но полека тимот на Бошковски ја затвори одбраната и до одморот го стигна почетното водство на Дрогришки и другарите. Младиот голман Ѓорѓевски одбрани неколку важни топки и од почетокот на вториот дел, гостите поведоа. На моменти Работнички имаше и +4, а Пелистер се потпре на помала ротација и наиде на дефанзивниот блок на противникот кој дозволи само 5 примени гола во 28 минути од второто полувреме. Така мечот стануваше се понервозен и во тоа брзање да се стигне водството, битолчани направија поголем број на технички грешки. Заслужена радост на дебармаалци сред Битола со 16:20, што претставува прва историска победа на Работнички на теренот на Пелистер во натпревар за бодови. Домашните ракометари, стручниот штаб, управата и гледачите имаа жестоки протести на арбитражата на Кркачев и Колевски.