Пелистер слави против Победа среде Прилеп

0
1133

Пелистер владее со Пелагонија и го освои Прилеп (1-2) на стартот од шампионатот.

Пелистер покажува дека и оваа сезона ќе се бори за највисок пласман, откако ја совлада Победа на Могила со 1-2. Иве Трифуновски во 24.минута го доведе Пелистер со прецизен удар од 14 метри, а Победа израмни преку некогашниот „пелистерец“, Борче Маневски, од пенал, во 51.минута од средбата. Но, Лукас во 70.минута, по нафрлувањето на Тошевски од десната страна, реализираше за триумф на Пелистер во пелагониското дерби.

Одличен прволигашки старт и за тренерот Срѓан Захариевски на клупата на „зелените“.