Пелистер утре го промовира својот најмлад тренер во историјата?

0
248

Во текот на утрешниот ден Пелистер треба да го официјализира новиот шеф на стручниот штаб. И покрај тоа што управата на клубот не открива со кој од тренерите со кои се преговараше, паднал договор, неофицијално дознаваме дека Зоран Штерјовски ќе биде предводникот на пелистерци. Тренерот на Силекс минатата сезона веќе разговарал со првите луѓе на клубот и само детали го делат од официјална потврда. Нему ќе му биде доверена улогата даго врати битолскиот клуб во Првата лига. Штерјовски ќе има на располагање комплетно изменет играчки кадар, бидејќи Пелистер ги ослободи од обврските сите фудбалери кои не потекнуваат од Битола, а во Втората лига неможе да бидат регистрирани странски фудбалери, па заминаа и Митиќ, Станојевиќ, Цирлидис и голманот Драгојевиќ. Пред неколку дена замина и Александар Анастасов кој потпиша за босанскиот Витез. Штерјовски кој има 40 години и ќе биде најмлад тренер во историјата на клубот, година повозрасен од Горазд Михајлов. Покрај за Силекс, некогашниот лев бек на Пелистер, Слога Јуугомагнат, Беласица во тренерската кариера го водеше и Миравци, а и беше помошник на Драган Канатларовски во Локомотив Пловдив.

Без коментари

LEAVE A REPLY