Пелистер во Познањ ќе игра на спектакуларен стадион

0
2092

Битолски Пелистер никогаш не играл европски натпревар на стадион како на Лех Познањ. Иако во Европа се соочил со противници од Шпанија, Кипар, Шведска или Швајцарија, битолчани в четврток навечер ќе истрчаат на импресивниот „Инеа стадион“ во Познањ. Домот на Лех Познањ е отворен во 1980 година, но специјално е реновиран и го има сегашниот изгледа од пред неколку години, кога во Познањ се играа напревари од Европското првенство во 2012 година.

Пелистерци на овој стадион ќе тренираат воочи натпреварот во среда од 20.00 часот, а натпреварот од квалификациите за Лига Европа се игра в четврток од 20.45 часот.