Пелистер Волеј во првата државна лига

0
1736

Tеодора Андоносвка, Тамара Жогановска и Матеја Марковска се само трите девојки од ОК Пелистер Волеј кои што заљедно со своите тренери ја однесоа екипата во првата лига во сениорска конкуренција ,жени, на Р.Македонија. Ова е прв пат во историјата на Битола една одбојкарска екипа да се натпреварува во првата државна лига

Клубот, како што истакнаа тренерите на денешната прес конференција, има свои екипи во сите млади категории, пионерки, кадетки и младинки. Пелистер Волеј ќе биде четвртата екипа во лигата која ќе се натпреварува на секое поле.

14962949_10209761075055162_2018377294_n

Во сениорска екипа, како и во сите останати младински екипи, учествуваат само членови кои што се од школата на Пелистер Волеј и се од Битола.

Сите натпревари се играат во сабота на 5 ти ноември кога и започнува лигата. Пелистер Волеј во првото коло гостува во Тетово против екипата на Универзитетот Тетово.

Во недела на 6 ноември стартува Младинската лига каде Пелистер Вoлеј е домаќин и организатор.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY